На покана на Здружението на граѓани на Македонската национална заедница “Вардар” од Вршац, вечерва (2 јуни 2026 год.) со почеток од 17ч. пијано дуото Џорлева – Михајловски ќе одржи концерт во концертната сала на градскиот музеј во градот Вршац, Р. Србија.
На репертоарот се композиции од Темков, Григ, Шун Чоо, Сати, Томаш Леон..
Пијанистите Татјана Џорлева и Ангеле Михајловски се редовни професори на Музичката академија при Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип и редовно концертираат на домашната, но и меѓународната сцена.
Концертот е во соработка со Средното музичко училиште “Јосиф Маринкович” и Градскиот музеј од Вршац, а е дел од серијата концерти кои во наредниот период ова дуо ќе ги реализира во Ниш, Тирана и Струмица.




СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Приведени двајца жител од Кочани и една жителка на Кавадарци при полициска контрола на јавен пат
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка