БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во моментите на најдлабока тага – едно семејство подари надеж

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кога болката е неиздржлива, а зборовите немаат сила, постојат луѓе кои наоѓаат сила да ја донесат можеби најхуманата одлука. Токму тоа го стори едно семејство, кое во најтешките мигови од својот живот одлучи да подари живот на другите.

Со оваа исклучителна одлука за органдонорство, нивниот сакан продолжува да живее во срцата, телата и насмевките на луѓе кои повторно имаат шанса.

Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекаше на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Истовремено, 23-годишно момче доби бубрег и со него, шанса за поквалитетен живот.

Донирани се и коскени ткива, уште еден исклучителен дар, кој ќе помогне во лекување и обновување на живот.

„Министерството за здравство ја изразува својата најдлабока почит за ова храбро семејство. Нивната одлука за нас е патоказ при креирање на идните политики. Благодарност до сите здравствени работници чија посветеност, експертиза и професионалност ја имаа оваа благородна мисија за нова надеж и нов живот“, вели Азир Алиу, министер за здравство.

„Огромна почит до семејството на починатиот донор, кое со оваа храбра одлука одлучи да го промени крајот на нечија приказна. Кога сме сплотени и имаме една ваква хумана мисија, заеднички и тимски може да поместуваме граници,” вели проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Пациентите се во стабилна состојба и им посакуваме брзо закрепнување.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace