Грасоначалникот на општина Берово Петар Ружински се обрати на големата манифестација која што општината ја организираше по повод завршувањето на учебната година за дечињата од училиштата во Берово.
Овој настан беше одлична можност за многу дружење, заедништво и заедничко славење на постигањата кои учениците во Берово заедно со нивните наставници и професори како и нивните родители да овозможат и креираат заеднички спомени кои учениците ќе ги носат во нивниот живот во иднина.

На гламурозна дцена на плоштадот Димитар Поп Георгиев Беровски беа доделени и награди за најуспешните ученици а свој забележителн настап покрај Македонските музички ѕвезди имаа и дечињата од локалните фолклорна група и останати групи кои подготвија убава музичко-сценска програма.
Пред присутните граѓани свое поздравно обраќање со честитки до учениците и нивните наставници имаше Градоначалнокот Ружински.

🎶🎉 Вечерва на плоштадот „Димитар Беровски“ заедно создадовме прекрасна атмосфера, на манифестацијата „АЈДЕ ДА СЕ ДРУЖИМЕ СО…“, посветена на успешното завршување на учебната 2025/2026 година.
Заедно со нашите најмлади, учениците, родителите и граѓаните, уживавме во богата програма исполнета со музика, песна, игра и многу насмевки.
Особена радост ми беше да им доделам признанија и награди на учениците кои постигнаа континуиран одличен успех (просек 5,00) и примерно поведение.
Наградени ученици од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ се:
Викторија Карадаковска
Драгана Стоименовска
Ива Биковска
Петар Букушовски
Илина Ковачовска
Ана Корчовска
Дамјан Тасевски
Ангела Џалевска
Елена Пелтековска
Анастасија Распашковска
Ева Симоновска
Од ООУ „Никола Петров Русински“:
Јана Калпачка
Клара Калпаковска
Од ОСУ „Ацо Русковски“:
Елена Палевска
Евгенија Смаропулу
Глигор Царовски
Марио Симовски
Јелена Бугариновска
Ефимија Димитковска
Димитар Андоновски
Теа Алаѓозовска
Наталија Тиловска
Честитки до сите ученици за вложениот труд и успесите!
Ви посакувам убав летен распуст, нови предизвици и уште поголеми достигнувања, во иднина.
Благодарност до сите воспитувачи, наставници, професори, родители и учесници кои ја направија оваа вечер незаборавна. 🎓”
-напиша на социјалните мрежи Петар Ружински-градоначалник на општина Берово.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!