Во свое соопштение упатено до јавноста од Јавното претпријатие за државни патишта ги информираа граѓаните дека од денеска стартуваа измените за користење на M-TAG наплатата на Македонските патарини.
Од денескае пред да пристапите на патарина внимателно погледнете ја електронската табла и одберете ја соодветната лента за наплата. Измените за исклучиво користење на лента за наплата на М-Tag стартуваат од полноќ!,
-вечат од ЈПДП во своето соошштениез:
Јавното претпријатие за државни патишта изминатиов период во неколку наврати ја информираше јавноста за измените во функционирањето на системот за наплата на наплатните станици (патарините) кои ноќеска од полноќ (15.06.2026 година) стартуваат и упатуваме последно предупредуваме дека лентите означени за MTAG ќе бидат наменети ИСКЛУЧИВО ЗА КОРИСТЕЊЕ ОД СТРАНА НА КОРИСНИЦИ СО ЕЛЕКТРОНСКИ ТАГОВИ.

Во таа насока, упатуваме апел до корисниците на услугите на наплатните станици повнимателно да ги следат информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање:
• наплата со MTAG
• наплата со MCARD, и
• наплата со CASH и MCARD
Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на лентите за МTag се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.
Исто така, ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот кои се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите:
• зелена стрелка – означува активна (отворена) лента
• црвен икс (X) – означува затворена лента
Непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот.
Ова известување се објавува со цел благовремено информирање и прилагодување на корисниците кон измените во системот за наплата.
Извор: Јавно претпријатие за државни патишта

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист