БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски со јасна порака: Со криминалот и криминалците нема договор ќе ги гониме каде и да се

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Струмица по повод 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ, кој се одбележa под мотото ,,Македонија забрзува, наша обврска“, во своето обраќање порача дека нема никаков пакт со оние кои треба да одговараат пред лицето на правдата, а во изминативе две години биле изведени сите оние кои треба да одговараат.

,,Втората тема, за која што сакам да зборувам, а за која што честопати добиваме и критики, дека сме се договориле, дека сме имале пакт со претходната влада, па затоа не сме ги гонеле, немало прогон, не сме апселе. Сакам многу јасно и многу прецизно тука да кажам и да повторам, тоа што веќе неколкупати сум го кажал. Ние не сме во театар, ние не сме естрадни уметници и да правиме естрада од она кое што го работиме. Ние сме политичари, ние сме луѓе коишто од политиката не смеат да прават естрада и реално шоу“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека во последните две години пред лицето на правдата се извеле поранешни функционери, како и судии и обвинители, а порача и дека сите оние кои се огрешиле ќе одговараат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

,,Изминативе две години, се изведоа пред лицето на правдата, врховни судии, обвинители, претседатели на Совет на обвинители, поранешни вицепремиери, министри, директори и сето тоа помина без да влегуваат во нивните домови, специјалци, во 3 наутро, пред очите на нивните најблиски, нанивните сопружници, на нивните деца. Тоа го правиме за да не биде понижен никој“, истакна Мицкоски и додаде:

,,Но, сакам да испратам јасна порака од Струмица, ќе ги гониме каде и да се, со криминалот и криминалците, пакт и сојуз нема. Затоа се немирни, затоа се нервозни. Последниот нивен жилав бастион, се малкумина, корумпирани судии и обвинители, и нив ќе ги поразиме наскоро. И ќе одговараат од прв до последен“.

Креирано од:


Пренеси го гласот