Како дел од неговите програмски определби Градоначалникот јна општина Берово Петар Ружински во континуитет го подига нивот на соработка меѓу општината и бизнис секторот во Берово.
За таа цел веќе е договорена средба на иницијатива на Градоначалникот Ружински со претставници со микро компании до 10 вработени и мали компании над 10 вработени кои што стопанисуваат во Берово.
Оваа седба се организира како резултат на потребата за воспоставување на динамична локална економија во перово и градење на капацитетите на оштина Берово во функција на стопанството и граѓаните.
“Средбата има за цел воспоставување на конструктивен дијалог, размена на мислења, идеи и предлози, како и идентификување на можностите на Локалниот економски развоји зајакнување на соработката меѓу општина Берово и Бизнис заедницата.”
-стои во соопштението упатено од страна на општина Берово во јавноста во врска со оваа средба за која градоначалникот Ружински исто така упати своја порака во јавноста:
“Продолжуваме со градење партнерство со локалната бизнис заедница, преку отворен дијалог, соработка и заедничко креирање на можности за економски развој.
Ве покануваме заеднички да придонесеме кон подобра деловна клима и посилна локална економија.
Отворениот дијалог е патот кон успешна соработка и просперитетна општина.”
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Ружински во врска со овие средби.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДЕЛЧЕВО ДОБИВА СОВРЕМЕНА СПОРТСКА САЛА!
Делчево: кадар, мамограф и нови возила за Брза помош
65 годишен жител на Македонска Каменица лишен од слобода затоа што се заканувал на својата 57 годишна сопруга