Во рамки на Програмата за заштита од штетно дејство на водите за 2026 година, деновиве, се врши чистење на коритото на реката Брегалница, со цел обезбедување непречен проток на водата, намалување на ризикот од поплави и создавање почиста и поуредена околина.
Со отстранувањето на вегетацијата, наносите и отпадот од речното корито, придонесуваме за подобра заштита на природните ресурси, но и за поголема безбедност на жителите и околните земјоделски површини.
Ваквите активности, се дел од континуираните заложби за одржување на јавната инфраструктура и превенција од штетното дејство на водите.
Остануваме посветени на реализација на мерки, што обезбедуваат сигурна, чиста и уредена животна средина, затоа што грижата за природата и безбедноста на граѓаните, е наш врвен приоритет.
Извор: Општина Берово

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДЕЛЧЕВО ДОБИВА СОВРЕМЕНА СПОРТСКА САЛА!
Делчево: кадар, мамограф и нови возила за Брза помош
65 годишен жител на Македонска Каменица лишен од слобода затоа што се заканувал на својата 57 годишна сопруга