Економската неизвесност, централизацијата и чувството на заборавеност го менуваат ликот на крајниот исток
Исселувањето од Делчево, Пијанец, Малешевијата и поширокиот источен регион на Македонија претставува еден од најсериозните демографски и социјални проблеми со кои се соочува државата во последните децении. Она што некогаш биле живи градови и села со полни училишта, денес постепено се претвора во средини со сè помал број млади луѓе и сè постаро население.
Според демографските податоци, Општина Делчево бележи значително намалување на бројот на жители во последните дваесет години. Овој тренд не е случаен, туку резултат на повеќе длабоки и долгорочни причини.
Недостатокот на работа – главниот двигател на исселувањето
Економската состојба е најчесто посочуваната причина поради која граѓаните го напуштаат регионот.
По транзицијата и пропаѓањето на голем број стопански капацитети, источниот дел на Македонија остана без стабилна индустриска основа. Повозрасните генерации во Делчево се сеќаваат на поранешните стопански субјекти како што беа “Технозавод”, “Илинден”, “Пирин”, “Сандански”, “Партизанка”, “Фротирка”, “Гранит”, АД “Полет”, поранешната Килимарница итн. кои што вработуваа илјадници граѓани од градот Делчево, селата во Длечево и поширокиот регион какко и околните општини.
По катастрофалната транзиција во Делчево во 90-тите години од минатиот век од овие субјекти останаа да работат многу малку трансформирани во приватна сопсвеност а истовремено се отворија и неколку нови производни капацитети од текстилната индустрија кои што обезбедуваат работа за околу 1000-2000 работници.
Покрај ваквиот исход на стопанството во Делчево работат повеќе угостителски субјекти кои што заедно со овие првите и со земјоделието го соинуваат р’бетот на локалната економија. Вработеноста во јавниот сектор го доживува својот зенит и пополека почнува да се редуцира имајки ги предвид општествените процеси за отимализација на образованието и трансформација на администрацијата.
Денес во Делчево и околните општини недостасуваат:
- добро платени работни места,
- големи производствени капацитети,
- сигурни можности за професионален развој,
- инвестиции кои би ја задржале младата работна сила.
Голем дел од младите уште по завршување на средното образование ја гледаат иднината надвор од родниот крај. Најчесто првата дестинација е Скопје, а потоа следуваат Германија, Австрија, Словенија и Италија.
Во многу семејства веќе постои модел во кој:
- постарите остануваат во Делчево,
- работоспособните членови се во странство,
- а децата растат со идеја дека иднината не е тука.
Чувството дека регионот е заборавен
Жителите на крајниот исток со години укажуваат дека регионот е инфраструктурно и институционално запоставен.
И покрај географската положба и близината до Бугарија, регионот долго време се соочува со:
- недоволно модернизирани патишта,
- немање железничка поврзаност,
- ограничен јавен превоз,
- недоволни државни инвестиции.
Кај граѓаните се создава чувство дека развојот на државата е концентриран во Скопје и неколку поголеми центри, додека помалите градови постепено остануваат на маргините.
Токму ова чувство на „заборавен регион“ дополнително ја намалува довербата во институциите и ја поттикнува миграцијата.
Централизацијата ја одзема иднината на помалите градови
Една од клучните причини за исселувањето е силната централизација на Македонија.
Најголемиот дел од:
- инвестициите,
- високото образование,
- државните институции,
- културниот живот,
- здравствените услуги,
- и најдобрите работни позиции
се концентрирани во главниот град.
Како резултат на тоа, младите од Делчево уште на 18-годишна возраст заминуваат на студии и ретко се враќаат назад.
Процесот најчесто изгледа вака:
- заминување во Скопје,
- вработување таму,
- подоцнежно иселување во странство.
На тој начин регионот континуирано го губи најобразуваниот и најпродуктивниот дел од населението.
Исселувањето станува „нормален животен пат“
Во Делчево и источниот регион денес сè почесто може да се слушне дека „иднината е надвор“.
Кога:
- братот работи во Германија,
- соседот е во Словенија,
- а пријателите се иселени во Австрија,
тогаш иселувањето постепено престанува да биде исклучок и станува општествен модел.
Многу млади луѓе не веруваат дека локално можат да изградат стабилен и достоинствен живот. Ова создава сериозен психолошки ефект – губење на надежта дека регионот може да се развива.
Стареење на населението и празнење на селата
Последиците од исселувањето веќе се видливи.
Во Делчево и околните населени места:
- бројот на ученици се намалува,
- селата остануваат без млади семејства,
- расте просечната возраст на населението,
- а дел од руралните средини се соочуваат со полуиспразнетост.
Овој процес создава опасна демографска спирала:
- младите заминуваат,
- наталитетот опаѓа,
- локалната економија слабее,
- услугите се намалуваат,
- што дополнително предизвикува ново исселување.
Кои се можните решенија?
И покрај негативните трендови, Делчево и источниот регион поседуваат сериозни потенцијали за развој:
- природни богатства,
- рурален и планински туризам,
- културно-историско наследство,
- земјоделство,
- енергетски инвестиции,
- и стратешка гранична положба.
Но за вистински пресврт се потребни:
- долгорочна државна стратегија,
- децентрализација,
- нови работни места,
- инвестиции во инфраструктура,
- поддршка за младите семејства,
- и политики кои ќе создадат чувство дека животот во Делчево има перспектива.
Делчево не губи само жители – губи идни генерации
Исселувањето од Делчево и источна Македонија станува прашање на опстанок на локалните заедници, на зачувување на културниот идентитет и на иднината на целиот регион.
Доколку не се преземат сериозни и системски мерки, постои реална опасност дел од руралните средини постепено да исчезнат, а помалите градови да продолжат да го губат највиталниот дел од своето население.
Сепак, регионот сè уште има потенцијал за нов развој — но само доколку државата, локалните институции и економските политики конечно го препознаат источниот дел на Македонија како простор кој заслужува рамноправна иднина.
Искористувањето на природните богатства на паметен и одржлив начин може да значи сериозен пресврт во локалната економија во Делчево и поширокиот регион. Шумите, водата, минералните суровини, природните богатства, богатото културно наследство, традиција, кваалитетните микроклиматски и гео-педолошки карактеристики а пред се работната сила може да бидат употребени во долгорочен процес на сеопфатна развојна стратегија за одржлив развој и обезбедување иднина за граѓаните на овој дел од државата.
Дали ќе продолжиме да тонеме во безидејност и анемична финансиска агонија е прашање кое сериозно треба да си го пстави пред себе секој интелектуалец кој е решен да го продолжи својот живот во Делчево и околниот Брегалнички регион.













СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа