ПОВИК ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ЛОКАЛЕН ПРОЕКТЕН СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОЕКТ: ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Општина Македонска Каменица во партнерство со Рудник Саса го реализира Проектот: Одржлив развој на Македонска Каменица. За потребите на Проектот ќе биде ангажирано лице на позицијата „Локален проектен специјалист“ . Сите заинтересирани потребно е да достават CV на следниов e-mail: opstina@makedonskakamenica.gov.mk најдоцна до 13.03.2023 година и истите ќе бидат поканети на интервју на 14.03.2023 година со претставници од Prime Point – координатори на Проектот: Одржлив развој на Македонска Каменица.
Локален проектен специјалист
Опис на работно место:
Поддршка при координација и спроведување на сите активности поврзани со проектот;
Обезбедува помош во процесот на мапирање на засегнатите страни, организација на работилницата и континуиран ангажман со сите релевантни чинители за времетраењето на проектот;
Одговорен за техничка и оперативна подготовка за работилниците (место на состаноци, опрема, освежување итн.) како што е наложено од лидерите на тимот;
Помага при подготовка на документација поврзана со проектот (покани, список за присуство, извештаи од работилницата, записници од состаноци итн.)
Обезбедува инпут за креирање содржина во врска со проектните активности за социјални медиуми, соопштенија за печатот;
Планирање, организирање и модерирање на сите релевантни состаноци, работилници, консултативни состаноци, индивидуални сесии и настани за реализација на програмата;
Одговорен за координација на работата на локалните работни групи и обезбедување на навремено составување и доставување на задачите;
Ја координира работата со надворешни локални експерти (графички дизајнери, маркетинг агенција итн.)
Обезбедува критичко размислување и стручно знаење при дефинирање на проекти за брзо влијание;
Потребни квалификации:
– ВСС од област на економија, бизнис администрација, туризам, маркетинг или сродни области.
– Потребно е силно познавање на пишан и говорен англиски јазик
– Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
– Одлично познавање на Microsoft Office
Претходно искуство на слична позиција ќе се смета за предност.
Извор: Општина Македонска Каменица- Градоначалник Димче Атанасовски
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Влатко Јефтимов и Мирче Павлов прогласени за најуспешни пожарникари во Кочани за минатата година
Потпишан договорот за поврзување на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци
Санација и реконструкција на оштетени шахти на коловозите во Кочани