Кога се има предвид пред се доброто на граѓаните, ниту еден предизвик не е несовладлив. Политичката определба и борба за подобар животен стандард, визија и посветена работа станаа препознатлив белег за локалната самоуправа на општина Штип под раководство на градоначалникот Иван Јорданов.
Континуираната реализација на проекти за унапредување на животната среднина продолжува и понатаму во Штип, преку различни активности, дела и постигнати резултати.
За претстојната сабота со почеток во 10.00 часот вработените на општинската администрација во Штип заедно со администрацијата во локалните претпријатија ќе ја предводат акцијата за пошумување на илјадници садници црн бор кај месноста Кумлак во Штип.
Покрај пораката за подигање на јавната свест за зголемена одговорност кон состојбата на животната средина, преку засадувањето на овој нов шумски фонд ќе се придонесе директно за подобрување на квалитетот на воздухот во претстојните години/децении.
Ваквите дела на градоначалникот Јорданов како и целокупната локална администрација ќе продолжат да се реализираат и во иднина со уште поголем обем и квалитет, информира градоначалникот Јорданов денеска во јавност.
“Оваа сабота, во 10:00 часот, Општина Штип заедно со јавните претпријатија ќе спроведе голема акција за пошумување.
Вработените во Општина Штип и вработените во јавните претпријатија ќе учествуваат во заедничка акција и ќе засадат неколку илјади садници црн бор на месноста „Kумлак”. Со оваа акција ќе ги зголемиме зелените површини, позитивно ќе влијаеме за почист воздух во нашиот град и подигнување на јавната свест, а ќе го унапредиме квалитетот на животната средина, преку пошумување и раззеленување на нашиот град и околината.
Исто така би сакал да потенцирам дека оваа акција ќе биде само почеток на повеќе активности во периодот што претстои, со што ќе создадеме услови за пошумување на поголеми површини на територијата на Општина Штип, бидејќи единствен одбранбен систем и механизам за здрава средина се зелени површини насекаде околу нас.”
-информираше градоначалникот на Штип Иван Јорданов денеска за јавноста.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видео: Спроведена акција за чистење и уредување на речните водотеци во центарот на село Град, делчевско
Пристигна градежната оператива на Македонија пат во Делчево, ќе се санира клучен проблем кој го засега цел град
Иван Гоцевски: Само во Делчево, градоначалникот ги дели пожарникарите на “ваши и наши”