БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бучим донира 40 000 евра за Здравствен дом Радовиш по повод Денот на македонските рудари

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Сите вработени во компанијата и оваа година добија парични награди за нивниот придонес во успехот на компанијата, а на 24 најдобри вработени им беа доделени бонуси како признание за нивниот труд и посветеност.

Радовиш, 29 август 2025 година – Со свеченост во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски,  соработници и претставници на локалната заедница, рудниците Бучим и Боров Дол го одбележаа Денот на македонските рудари – 28 август, празник кој е симбол на трудот, посветеноста и истрајноста на рударите.

Во своето обраќање, заменик генералниот директор на Бучим и Боров Дол, г-дин Ивица Карапетров, нагласи: „Со претстојното припојување на Боров Дол кон Бучим започнуваме ново поглавје во македонското рударство. Градиме стабилна и одржлива компанија која не е насочена единствено кон производството, туку и кон луѓето – вработените и заедницата. Се залагаме за создавање на средина во која секој вработен ќе работи безбедно, ќе има можност за професионален развој и ќе придонесува кон трајна вредност за идните генерации.“

Во чест на празникот, Бучим ќе донира 40.000 евра на Здравствениот дом во Радовиш за целосна дигитализација на рендген машината. Со оваа донација ќе се овозможи побрза и поефикасна здравствена услуга, со што компанијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон подобрување на квалитетот на живот за локалната заедница.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сите вработени во компанијата и оваа година добија парични награди за својот придонес во успехот, а 24 најуспешни беа одликувани со дополнителни бонуси како признание за нивните извонредни резултати, труд и посветеност. Наградите и признанијата се дел од стратегијата на „Бучим“ за вреднување на човечкиот капитал како најважен ресурс во рударството.

Радовиш и Бучим секоја година на 28 август потсетуваат на историскиот Штрајк на рударите во Лојане во 1929 година – чин што остави длабока трага во борбата за достоинство и работнички права, и кој претставува вечен потсетник дека рударството е дел од идентитетот и културното наследство на македонскиот народ.

Вчерашната прослава беше заокружена со концерт на групите „Нокаут“ и „Дивље Јагоде“ во центарот на Радовиш, со што празникот доби и културна димензија, обединувајќи ја заедницата во духот на почит и благодарност кон рударите.

Креирано од:


Пренеси го гласот