Премиерот на Македонската влада Христијан Мицкоски денеска заедно со повеќемина свои блиски соработници и искрени пријатели денес од свежото Берово го честиташе големиот христијански празник Голема Богородица.
Традиционално повеќе години по ред Македонскиот Премиер претходно и како предводник на опозицијата а денес и како предводник на Македонската влада од крајниот исток под закрила на Малешевските планини покажува на најубав можен начин кое е значењето на Македонските традиции и верата за луѓето во највисоките државни позиции.
“Денеска сме во посета на Берово, традиционално како и секоја година така и оваа година заедно со православните верници да го честитаме големиот празник Голема Богородица, да посакаме на сите граѓани во Македонија здравје, среќа, бериќет и успех во работата, сето она коешто ќе го посакаат, сето тоа да им се оствари.
Овој ден е многу значаен за сите нас, значаен е поради две работи, прво, затоа што е голем православен празник, но исто така и ден на рударите, луѓето што ја градат нашата економија, македонската економија, ја користам оваа прилика и нив да им го честитаам овај голем ден. Сосема на крај ви посакувам среќа вас и на вашите семејства.”
-напиша Македонскиот Премиер во врска со неговата посета на жителите на Берово и мноштвото верници кои што беа собрани околу црквата на Пресвета Богородица.
Ова е вистински пример за тоа како јавните личности во Македонија може да бидат пример за негување и афирмација на традицијата и верата во пошироката јавност, со една единствена цел за сплотување и обединување на целиот Македонски народпод закрила на својот Македонски многувековен идентитет

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДЕЛЧЕВО ДОБИВА СОВРЕМЕНА СПОРТСКА САЛА!
Делчево: кадар, мамограф и нови возила за Брза помош
65 годишен жител на Македонска Каменица лишен од слобода затоа што се заканувал на својата 57 годишна сопруга