БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Михаил Шкартов (1884-1936) — македонски револуционер, велешки војвода и организатор на Тиквешкото востание.

Пренеси го гласот

Михаил Шкартов е роден во Кавадарци на 1884 г. Завршил VI клас гимназија во Солун. Учителствувал во селото Долни Порој, Демирхисарско и во Кавадарци. Во периодот кога учителствувал во Кавадарци бил избран за член на околискиот револуционерен комитет на ТМОРО во 1904 година. Истата година станал нелегален и дејствувал како четник под раководство на војводата Добри Даскалов, а подоцна и во четата на Јане Сандански. Учествувал во поход кон Цариград 1908 година предводен од Јане Сандански како поддршка на Младотурската револуција.

По 1910 година повторно дејствувал како војвода во Велешко. Бил еден од главните организатори на Тиквешкото востание во 1913 година. По Првата светска војна во 1920 година бил избран за раководител на Солунскиот револуционерен округ, и бил избран за окружен војвода. Во 1924 година бил назначен за тиквешки околински војвода. Бил еден од делегатите на Шестиот конгрес на Организацијата во 1925 година. По поделбата во Организацијата во 1928 година со својата чета застанал на протогеровистичката ВМРО. Во 1930 година се зачленил во ВМРО (обединета) и бил избран за член на Централниот комитет. Во 1931 година, по наредба на Иван Михајлов и ветување дека ќе биде поштеден неговиот живот, се повлекол од Револуционерна дејност.

Починал на 25 јуни 1936 година во Софија, Бугарија.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот