БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Стефан Андоновски: Со глас за Гордана Силјановска Давкова на 24 април ќе го запреме исселувањето на младите од Делчево и регионот

Пренеси го гласот

Дополнителниот Заменик Министер за администрација и информатичко општество Стефан Андоновски во текот на вчерашниот ден беше во посета на граѓаните на Делчево.

Во рамки на неговата работна агенда тој имаше повеќе работни состаници со претставници на бузнис секторот во Делчево што работат во ИТ секторот и услужните дејности, со вработени во администрацијата во Делчево како и средби со граѓаните на село Габрово.

Во изјава за нашиот портал заменик министерот Стефан Андоновски ја афирмираше потребата граѓаните на Делчево да излезат на изборите на 24 април и да гласаат за професорката Гордана Силјановска Давкова со што ќе се направи првиот важен чекор за запирање на процесот на масовното исселување на млади луѓе од Делчево и регионот.

“Се наоѓаме денеска во посета на Делчево во рамки на теренската кампања “Македонија повторно горда” за поддршка на професорката Гордана Силјановска Давкова. Се наоѓаме во еден преубав град кој што е запоставен во последните години. За жал граѓаните и од Делчево и од околината масовно се исселуваат од Македонија, ја напуштаат државата, затоа што не гледаат перспектива и можности. Сето тоа можеме да го промениме со изборите кои што се пред нас. Особено во првиот круг со гласање за професорката Гордана Силјановска Давкова. Поддржувајки ги промените, поддржувајки човек кој што навистина се грижи за младите, се грижи за ранливите категории, се грижи за владеење на правото за борба против корупцијата и сум сигурен дека со масовна поддршка во Делчево и во целиот источен регион ќе успееме да направиме одличен резултат кој што потоа ќе се преслика и на изборите на 8 Мај на двојните избори претседателските и парламентарните. Се надеваме дека со поддршка на бројот 2 на професорката Гордана Силјановска Давкова ќе означиме крај на погубните политики за Македонија и почеток на една нова ера на промени и реформи, на проекти и на дела за Македонија.”

-рече во изјавата за јавноста Заменик Министерот за администрација и информатичко општество Стефан Андоновски.

На прашање од нашиот портал во врска со досегашносто искуство на Стефан Андоновски како заменик министер дали има забележано појави на притисоци и злоупотреби врз администрацијата од одредени политичари, Андоновски рече:

Она што оваа власет се обидува да го прави во изминатиот период е со вештачки објавување на конкурси, на објави за нови вработувања да ангажира определена бројка на луѓе. Ние избоивме околу 2700/ 2800 кои треба да бидат притиснати за да донесат гласови за изборите за СДСМ и за ДУИ, особено за ДУИ, кои што голем дел од вработувањата се во институциите раководени од ДУИ. Целта е на овие луѓе да им се изврши притисок за денот на избрите да излезат и гласаат тие и нивните семејства, нивните пријатели, а за сметка на тоа ДУИ им ветува дека ќе го заврши процесот на вработување и ќе ги вработи после изборите. Она што ние сакаме да го кажеме е дека нема да постапуваме “како и до сега”. Ја немаме мантрата на Заев дека ќе ги бркаме луѓето од чистачка до министер. Напротив на нас ни се важни сите луѓе. Важно е луѓето да си ја работат работата особено во администрацијата да испорачуваат ислуги кон граѓаните, да изпорачуваат услуги кои што се брзи и ефикасни и во исто време да бидат задоволни од своето работно место. Да имаат достоинствени примања и достоинствена заработувачка. Затоа таа значи дека и тие ќе го дадат својот максимум. Ние во моментот во адмминистрацијата се соочуваме со недостаток на квалитетен кадар а прекумерно вработување на несоодветни позиции на несоодветни лица. Она што ние сакаме да го направиме е оптимизација, што значи дека квалитетните луѓе оние кои што не се огрешиле спрема законот, кои што си ги почитуваат законите, кои што се професионални, ќе си останат да работат во администрацијата и навистина реформата во администрацијата – дигитализацијата ја гледаме преку овие луѓе и се надеваме дека и тие ќе ни помогнат во процесите на реформи.”

-им порача на вработените во администрацијата во Делчево и целиот Брегалнички регион заменик министерот Стефан Андоновски.

Креирано од:


Пренеси го гласот