На сообраќајница во Штип во текот на вчерашниот ден беше истакнат транспарент со испишана порака: “Пендаровски ова е верниот исток, после 8 мај пакувај ги куферите”.
Стево Пендаровски како претседател на државата во изминатите 5 години беше одобрувач на сите погубни политики на владите на Зоран Заев, Димитар Ковачевски, Артан Груби и Бујар Османи. Тој со неговото непостапување во сегментите каде што има законски и уставни ингеренции овозможи државата да потоне во најдраматичната криза од осамостојувањето до денес, со катастрофална егзистенцијална криза на граѓаните и распад на институциите во секој еден сектор во државата.
Ваквиот револт на штипјани е повеќе од оправдан имајки предвид дека белата чума и исселувањето оставаат цели домови и населени места празни поради немање перспектива за жживот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево