Денеска (23.07.2026), Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе превентивни активности за заштита од кражби во возила и за безбеден сообраќај. На подрачјето на Центар, на ул.„Лазар Личеновски“ и паркинг просторот кај Скопско Кале реализирана е кампањата „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, при што на возачите им беше укажано да не оставаат вредни предмети во автомобилите додека се паркирани, а на возилата им беше оставан едукативен материјал со едукативна содржина. Додека, активностите за безбеден сообраќај беа реализирани на бул.„Србија“ на подрачјето на ПС Аеродром на темите „Носи кацига“ и „Не зборувај на мобилен додека управуваш со моторно возило“. Основна цел на кампањата беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи при управување на моторни возила и мотоцикли.
Превентивни активности денеска беа спроведени во неколку градови на подрачјето на СВР Штип. Во Берово, Кочани, Штип и Пробиштип спроведени се превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот на темите
„Безбедно на тротинет и мопед“, „Паркирај совесно, паркирај одговорно“ и „Стави појас“. За време на активностите на возачите учесници во сообраќајот беше поделен едукативен материјал со корисна содржина и совети каде е појаснета законската регулатива околу почитувањето на сообраќајните правила и прописи. Додека, пак, вчера (22.07.2026) во централното градско подрачје и на Градскиот пазар во општина Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип реализирана превентивна активност „Дали знаете каде е вашето дете по полноќ“. Основна цел на активноста е зголемување на сеопфатната безбедност во насока почитување на законите, зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, подигнување на свеста кај родителите, како и кај малолетниците за зголемена контрола од страна на родителите особено во ноќните часови преку давање совети за избегнување алкохол и наркотични средства, како и избегнување на прекршоци и кривични дела со елементи на насилство, а за кои како можни сторители можат да се јават малолетниците. Исто така, на родителите им беше укажано и дека занемарената грижа може да претставува прекршок или кривично дело. За време на превентивната активност делени се летоци со едукативна содржина на темата.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене