Градоначалникот на ошштина Виница Митко Костадиновски денеска ја информираше јавноста за уште еден реализиран капитален инфраструктурен проект, овојпат за жителите на село Јакимово. Станува збор за изградба на нова сообраќајница со нов асфалт и тротоари што значително ќе го подобри квалитетот за живеење на жителите во селото Јакимово.
“Денес успешно реализиравме уште еден значаен проект, како дел од низата инфраструктурни активности што ги спроведуваме во овој период.
Комплетно е изградена нова улица со тротоари од двете страни во село Јакимово, во должина од 300 метри. Улицата е изведена согласно урбанистичкиот план за село Јакимово.
Пред реализацијата на овој проект, Општина Виница спроведе експропријација на земјиштето, како и санација на дел од канализационата и водоводната мрежа, со што беа создадени услови за квалитетна и долгорочна инфраструктурна изведба.
Финансиските средства за реализација на проектот се обезбедени од Министерството за транспорт, преку заем од Светска банка, врз основа на претходно поднесена и одобрена апликација на Општина Виница.
Продолжуваме посветено да ги реализираме ветените проекти и да вложуваме во подобра патна и комунална инфраструктура, затоа што наш приоритет останува создавање поквалитетни услови за живот во секое населено место во Општина Виница”
-информираше преку свое соопштение упатено до јавноста градоначалникот на Виница Митко Костадиновски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево