БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Успешните политики во енергетскиот сектор даваат резултати, домашното производство на ел. енергија ги покрива трошоците на граѓаните и стопанството

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Домашното производство на електрична енергија речиси целосно ги задоволи потребите на граѓаните и стопанството во текот на месец мај годинава, покажуваат најновите претходни податоци за енергетиката на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Статистичките показатели упатуваат на исклучително висока стабилност на домашниот енергетски систем и минимална зависност од увоз на струја во овој период.

Според официјалното соопштение на ДЗС, „во мај 2026 година, вкупното бруто-производство на електрична енергија во земјава изнесувало 462.653 мегават-часови, што претставува 96,5 отсто од вкупната бруто-домашна потрошувачка на електрична енергија“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во истиот овој период, вкупната потрошувачка на енергенти на ниво на држава достигнала 479.603 мегават-часови електрична енергија.

Податоците на ДЗС јасно ја потврдуваат клучната улога на термоелектраните во земјава кои работат на цврсти горива. Имено, во текот на мај биле потрошени вкупно 264.997 тони јаглен.

Она што е особено карактеристично за овој месец е што „речиси целата потрошувачка на јаглен – односно 99,9 отсто – била искористена за производство на електрична енергија“, што покажува дека овој енергент е максимално насочен кон одржување на стабилноста на мрежата.

Во делот на останатите енергенси, забележани се сериозни поместувања во споредба со истиот период минатата година. Во мај 2026 година се потрошени 4,463 милиони нормални кубни метри природен гас. „Во споредба со мај 2025 година, потрошувачката на природен гас е зголемена за 4,8 отсто. Од Државниот завод за статистика наведуваат дека растот се должи на работата на топлинските постројки, кои во истиот период минатата година не биле активни.“

За разлика од гасот, кај течните горива е евидентиран спротивен тренд. Статистиката измерила потрошувачка од 78.468 тони нафтени продукти низ земјава.

Сепак, „потрошувачката на naфтени продукти во мај 2026 година е намалена за 8,5 отсто во однос на истиот месец претходната година“, со што комплетно се заокружува мајскиот енергетски биланс на државата.

Креирано од:


Пренеси го гласот