Пријавете се за KNVB WorldCoaches – Фудбал и животни вештини и станете дел од меѓународната општествена програма на Кралската фудбалска асоцијација на Холандија – KNVB.
Преку практична и интерактивна обука ќе се запознаете со WorldCoaches методологијата и ќе развивате вештини за тренерска работа, комуникација, тимска работа, лидерство, почитување, одговорност и фер-плеј. Обуката ја спроведува KNVB инструктор од Холандија.
Кој може да се пријави?
Тренери, наставници по физичко образование, младински и спортски работници, волонтери и други мотивирани лица поврзани со спортот и/или работата со деца.
Локација: Градски фудбалски стадион „Никола Мантов“, Кочани
Дел 1: 14–18 октомври 2026 (секој ден од 09:00–17:00)
Дел 2: 25–29 ноември 2026 (секој ден од 09:00–17:00)
Повикот е отворен за учесници од Кочани, Виница, Делчево, Штип, Македонска Каменица, Пробиштип, Пехчево и Берово.
Пријавување до 25 септември 2026:
https://forms.gle/GnydjduG3J9Mx7Kd6
Повеќе за програмата:
https://www.instagram.com/knvbworldcoaches
Обуката и програмата се реализираат со поддршка на UEFA Foundation for Children, Амбасадата на Кралството Холандија во С.Македонија, Општина Кочани и KNVB

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!