На официјален настан предвиден за утре- петок со почеток во 12.00 часот ќе биде означен старт на работата на новиот Истражен центар на Јавното обвинителство во Штип.
Станува збор за важна институционална карика во правосудниот систем со кој што значајно треба да се подобри работата на јавното обвинителство во овој дел од државата.
“Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и Основниот јавен обвинител на ОЈО Штип Татјана Кацарова на 25.09.2026 година (петок) во 12:00 часот ќе го означат официјалниот старт на работата на Истражниот центар во Основното јавно обвинителство Штип.”
-стои во официјалната покана на Јавното обвинителство упатена до јавноста во врска со овој настан.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”