БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Започнува процесот за донесување на нов Просторен план на Република Македонија 2040: Јавна расправа во Југоисточниот плански регион

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека започнува циклусот на регионални јавни расправи по Нацртот на Просторниот план на Република Северна Македонија 2040.

Првата јавна расправа по Нацртот на Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 ќе се одржи во Југоисточниот плански регион, со цел презентација на Нацрт-Планот и активно вклучување на институциите, единиците на локалната самоуправа, стручната јавност, засегнатите страни и пошироката јавност.


📅 24 септември 2026 година
🕛 12:00 часот
📍 Сала за состаноци на Советот на Општина Струмица

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace


Јавната расправа претставува можност за запознавање со предложените плански решенија, како и за давање мислења, предлози и забелешки во процесот на подготовка на еден од најзначајните стратешки документи за просторниот развој на државата.

Ги покануваме институциите, општините, стручната јавност, засегнатите страни и сите заинтересирани граѓани да земат учество во јавната расправа и да дадат свој придонес во планирањето на идниот просторен развој на Република Северна Македонија.

Извор: Соопштение упатено до јавноста од страна на
Министерството за животна средина и просторно планирање

Креирано од:


Пренеси го гласот