БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Директорот на БЈБ, Александар Јанев, во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска (13.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со дел од својот тим, оствари работна посета на СВР Тетово, при што беа разгледани актуелните безбедносни состојби, сообраќајната безбедност, јавниот ред и мир и борбата против криминалот.

Посебен акцент беше ставен на претстојните локални избори и обврската на полицијата да обезбеди безбеден, мирен и демократски изборен процес, без притисоци и незаконски влијанија врз граѓаните.

Директорот Јанев ја нагласи важноста на превентивното дејствување, оперативната координација и користењето на современите технолошки средства, како и професионалното и непристрасно постапување на полициските службеници.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Во борбата против криминалот нема простор за селективност, а во извршувањето на полициската должност нема простор за неодговорност. Законот мора да важи за сите подеднакво“, порача Јанев

Креирано од:


Пренеси го гласот