На 12.10.2026 во 21:05 часот на стариот пат с.Тработивиште – Делчево, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force” од РЦ за ГР Исток го лишија од слобода Д.К.(29) од с.Полето, делчевско и У.А.(26) од с.Црник, делчевско. При преглед на паркирано патничко возило „фолксваген голф” со делчевски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени и одземени марихуана и ризли.
Лицата се задржани во ОВР Делчево и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: МВР

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа