Откако беше насилно претепан на 29 Јуни во скопската населба Автокоманда младиот Никола Саздовски, синоќа во скопските клиники им подлегна на повредите и почина.
Младиот Саздо како што го нарекуваа другарите беше еден од најистакнатите членови на навивачката група Копити од Скопје.
Според досегашнбите информации во јавност тој кобен 29 јуни младиот Саздо се наоѓал на автобуска станица во автокоманда во Скопје кога 3 лица застанале со кола и се втурнале насилно кон него, при што младиот комита се здобил со сериозни повреди по главата и телото.
Веднаш бил префрлен во градската болница, каде неофицијално синоќа доживел три мозочни удари како резултат на повредите по главата.
Смртта на младиот Саздо доаѓа како огромен шок за сите кои го познаваат, знаејќи каков човек и другар бил.
Социјалните мрежи се преполни со осуда и желење за овој немил настан а останува на институциите да го разрешат истиот со што вакви или слични сценарија ќе се превенираат да не се случуваат во иднина.
Никола Саздовски е роден 1987 година.
Нека почива во мир.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали се сретна со претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ и потпретседателот Абдуш Демири
Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината
Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните