Се поохрабрени и поохрабени се Македонците да му се спротивстават на актуелниот репресивен систем на државата и институциите на власта која сака со заплашување да се пресметува со сите оние кои не мислат исто како Зоран Заев и политичката врхушка предводена од СДСМ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот протестен марш во Струмица гласно извика
….Сакаат да се поколебате, да бидете неодлучни, да бидете потчинети, затоа што кога ќе ви речат “северномакедонци”, да речете добро е, не можело поинаку, иако и можело и морало да биде поинаку. Ќе ви кажат морало да се избрише зборот Македонија и пред него ќе додадат придавка, да си речете еве барем ќе имаме некаква иднина како другите во Европа, а реалноста е сурова, за да бидеме како Европа потребно е многу работа и посветеност и ништо друго и ништо повеќе или помалку од тоа, затоа што кога ќе ви речат економијата е лоша зошто претходно не се работело, да си речете добро барем се трудат, иако знаете дека нема да биде подобро и нема да може да направат ништо, бидејќи немаат визија и не знаат да работат. Затоа им требате неодлучни и затоа целта е напад врз самодовербата, да го контролираат вашиот систем на сфаќања и светолгед.
Притоа до крај соголувајќи ги пред јавноста намерите на власта продолжи:
Затоа се и политичките прогони, за да го исплашат народот, и сите оние врз кој сега се срушува тоа политичко сладострастие на реваншизам и ниски страсти треба да бидат показна вежба пред другите. -“Ако кренете главата може да ви случи ова”, тоа е пораката. ВМРО ДПМНЕ има денес 5 пратеници кои се теретат за нешто што не го направиле, односно за тероризам, а немојте никогаш да помислите дека ги заборавам и оние наши браќа и сестри кои сега се по затворите, и кои се дел од оваа конструирана политичка хајка, насочена против секој слободномислечки Македонец.
Јас ги живеам нивните судбини. И не заборавајте дека сепак има невини луѓе по затвортите, затоа што се воделе од чесна идеа и мисла и единствен мотив им била нивната татковина Република Македонија.
И на ова лудило на политички реваншизам мора еднаш, еднаш засекогаш да му дојде крајот, затоа што премногу долго се делиме на ваши и наши, на македонци, и помалку македонци и затоа апелирам е потребна амнестија за луѓето од 27 април, затоа што мора да продолжиме напред, а нема напред ако живееме во минатото. Тоа е она што го бараме. И тоа е она за што ќе се бориме и ќе залагаме.
Огромното присуство на охрабрени Македонци на протесниот марш по улиците во Струмица говори за фактот што се повеќе и повеќе Македонци се охрабруваат да се спротивстават на силниот државен апарат кој ја турка државата против волјата на народот.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека ќе продолжат со ваквите народни собири со цел да влеат надеж помежу народот дека Македонија може и мора подобро да продолжи да се развива и покрај деструктивните сценарија на власта.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна несреќа на автопатот Штип-Скопје: Тешки телесни повреди здобила жителка на Виница
Приведен велешанец, управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полициски службеник
Манасиевски: Досега не се разговарало за размена на ресори, Таравари пак се интересираше само за бизниси и за Груби и за Заев