БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“, е традиционален настан кој веќе прерасна во препознатлив белег на Делчево и Пијанец.

Манифестацијата, која за првпат беше организирана во 2013 година од Општина Делчево, има за цел да ја афирмира сината, односно модрата слива, како еден од најзначајните земјоделски и економски потенцијали на нашиот регион.

Сливата во Пијанец е дел од нашата историја, традиција и семејно наследство. Со векови се одгледувала на овие простори, а производите од неа биле познати и надвор од регионот. Пијанечкиот џем-мармалад, слаткото, компотот, сушената слива, а особено традиционалната пијанечка сливова ракија, се дел од нашето гастрономско богатство.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денес, на територијата на Општина Делчево има над 500 хектари насади со сина слива, од кои егзистенција обезбедуваат голем број семејни земјоделски стопанства и приватни компании.

Определба на општината е овој потенцијал дополнително да го развиваме преку унапредување на производството, преработката, брендирањето и пласманот на производите од слива. Пијанечката сливова ракија веќе е препознатлива и надвор од границите на државата, особено меѓу нашата дијаспора во Европа, Америка и Австралија.

Оваа година манифестацијата добива нова димензија.

За првпат, „Пијанечките денови на сливата“ годинава ќе се организира во селото Град, средина во која производството на слива и производите од слива се значаен дел од локалната традиција и економија.

Со тоа манифестацијата се доближува до производителите, но и се промовираат туристичките вредности на селото Град, меѓу кои се археолошкиот локалитет „Градиште“, црквата „Свети Ѓорѓи“ и природниот локалитет пештерата „Коњска Дупка“.

Дополнителна новина е што годинава настанот ќе се одржи и под предзнакот „Саем на традиционална храна и рачни изработки“, со што се создава можност да се претстават гастрономското богатство, домашните производи, традиционалните занаети и креативноста на нашите сограѓани.

Културно-уметничкиот дел од програмата го организира НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, во соработка со граѓански здруженија, фолклорни друштва, локалните училишта и поединци. Општина Делчево е покровител на целиот настан.

Градоначалникот на општина Делчево упатува отворена покана до сите жители на Делчево и Пијанец, до нашите сограѓани од другите градови, до дијаспората и до сите љубители на традицијата, гастрономијата и фолклорот да бидат дел од овогодинешната манифестација во село Град за што ќе има обезбеден слободен превоз за сите заинтересирани граѓани од Делчево до село Град и назад со тргнување во 10.30 часот од паркингот пред Спомен домот АСНОМ во Делечво.

Целта на Манифестацијата е „Пијанечките денови на сливата“ да прераснат во уште поголем и препознатлив настан, кој ќе ги поврзува земјоделството, локалната економија, културата и туризмот.

Кога ја промовираме пијанечката слива, ја промовираме нашата традиција, нашите луѓе и развојниот потенцијал на целиот регион.

Ве очекуваме во село Град!

Креирано од:


Пренеси го гласот