БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ЈЗУ “Гоце Делчев” Делчево со значајни инвестиции од Владата, претендира да биде регионален здравствен центар за повеќе општини во иднина

Пренеси го гласот

При саботната посета на Министерот за здравство и Македонскиот Премиер на општина Делчево, една од посетените институции беше Јавната здравствена установа Здравен дом “Гоце Делчев” во Делчево.

Министерот Клековски и Премиерот Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Длечево и Директорот на ФЗО Златко Перински имаа можност да направат директен увид во состојбите, работните и просторни услови на медицинскиот персонал во оваа јавна здравствена институција која опслужува десетици илјади граѓани со својата услуга.

За неполна година во изминатиот период во здравниот дом во Делчево се реализирани значајни инвестиции кои беа непознати во периодот пред тоа за здравствените работници во Делчево.

Така ЈЗУ ЗД “Гоце Делчев” Делчево од Владата доби нов Мамограф кој што ќе значи многу за раната детекција на малигни заболувања како за граѓаните на Делчево така и за жителите од поширокиот регион. Веќе е потпишан договор за набавка на Мамограф во износ од 13 милиони денари и истиот според Министерот Клековски ќе биде целосно во функција со стапувањето на новара година, а персонал веќе се обучува за негова оптимална употреба според потребите,

Во рамки на посетата беа промовирани новите амбулантни возила кои ги доби здравниот дом во Делчево од Владата. Според увидот станува збор за габаритни возила со целосноа опременост на најсовремена медициннска опрема за ваков тип на возила.

Овие две амбулантни возила се особено значајни за потребите на Брзата помош при ЈЗУ Здравен дом “Гоце Делчев” Делчево, што ќе значат повеќе спасени живото на наши граѓани.

Во изминатиот период исто така беа добиени 17 согласности за вработување на 17 медициски лица во ЈЗИ Здравен дом “Гоце Делчев” Делчево од кои дел се вработени и за потребите на здравствената заштита во Македонска Каменица,

Исто така пред некој месец беше набавена апаратура за далечински мониторинг на пациенти, со што за граѓаните на Делчево дополнителната брза специјалистичка и субспецијалистичка улога значи заштеда на многу време и финансиски сретства но и помалку малтретирање во услови на влошена здравствена состојба.

Согласно напорите за подобрување на услугите на Фондот за здравствено осихурување во изминатите недели исто така беа обезбедени нови простории за потребите на ФЗО.

Градоначалникот на Длечево Иван Гоцевски пред премиерот и присутните гости ги презентираше предвидените проети за развој на просторните услови на Здравниот дом во Делчево. Така градоначалникот најави проширување на сообраќајната инфраструктура за потребите на Здравниот дом со изградба на нови улици, пристапни точки и обезбедување на нов посебен влез за возилата на Брзата помош.

Според развојните планови на градоначалникот намерата е Здравниот дом “Гоце Делчев” во Делчево во блиска иднина да прерасне во регионален медицински центар за повеќе здравствени услиги, што се надополнува како политика на намерите на Владата на Република Македонија под раководство на Премиерот Христијан Мицкоски за децентрализација на голем дел од здравствените услуги што е можно поблиску до местото на живеење на граѓаните, чии што здравствени проблеми некогаш значат голема вредност на било која секунда до укажување на здравствена помош од страна на медицински лица.

Креирано од:


Пренеси го гласот