Луѓето кои што се занимаваат со градежништво, премер на теренски точки- геодезија, уредување на пејсажен простор се стручно запознаени со терминот изохипси, нивното значење и нивната техничка примена.
За останатата публика со цел да ја пробудиме љубопитноста кон техничките науки низ неколку карактерни особености би ја доближиле функцијата на изохипсите.
На кој начин се цртаат и се читаат контурните линии т.н. изохипси на теренот?
- Изохипсата претставува линија на пресек на хоризонтална замислена површина со теренот на површината на земјата, на определена надморска висина.
- Ортогоналната проекција на повеќе вакви линии на пресек врз една заедничка рамнина (лист на хартија) се нарекува план на изохипси или ситуација.
- Секоја точка на контурната линија (изохипса) означува иста надморска висина.
- На план на изохипси разликуваме нивен правец на раст и нивен правец на пад на надморската висина.
- Изохипсите никаде меѓу себе не се допираат освен на вертикални карпи.
- Секоја изохипса на ситуација се црта на соодветно растојание (чекор) од нејзината соседна изохипса. Колку ова растојание меѓу изохипсите е поголемо толку теренот е порамен и обратно колку планот на изохипси е погуст толку теренот е пострмен.
- Секоја петта изохипса се црта со подебела линија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ
Предупредување од пет зборови што сопругот ѝ го упатил на сопругата додека таа го снимала како пука во неа откако дознал за нејзината афера