Живата легенда Аки Рахимовски и гитаристот Гуру Харе сами за себе се доволен гарант за создавање на високо-уметнички музички дела.
Нивната заедничка соработка реализирана преку најновата песна “Мајко” е совршен спој за публиката, за лансирање на она што се нарекува народна енергија во поп-рок музиката.
Песната е величествена со висок емоционален дел и прекрасна музичла илустрација која и дава призвук на евергрин кој долго ќе се памети.
Музиката и текстот се на Игор Атанасоски – Харе а аранжманот и продукцијата се на Диран Тавитјан.
Песната е снимена во студио Парамециум. Видео записот е создаден од Мелем продукција во режија и монтажа на Огнен Шапковски а директор на фотографија – Кристијан Теодоров улоги: Виолета Шапковска, Милан Тоциновски, Јан Теодоров, Сеад Хаџиќ
Ронин оператор – Александар Ивановски; асистент на камера – Стефан Дамјаноски; оператор на светло – Александар Митевски;
Шминкери: Ирена Сенокозилоска, Игор Петрески: Kостимограф – Милена Атанасова: Пост-продукција – Иван Куртевски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција