Бројот на туристите кои го посетиле Крушево расте и е во голем пораст во споредба со минатата година. Крушево станува пријатно и примамливо место кое вреди да се посети и во летните денови.
Идеална летна клима , чист воздух, прекрасни планински места за прошетка, но и многу историски знаменитости кои се примамливи посебно за странските посетители.
“ Порастот во бројот на туристи во февруари од над 30 отсто кажува дека нашата заложба за продолжување на туристичката сезона дава резултати и Крушево не е посетено само во јануари и летните месеци, туку и останатите месеци во годината.
Оваа зима и временските услови нѐ послужија, имавме многу снег што беше еден импулс за привлекување на туристите. Голем удел има и фактот што има повеќе настани атрактивни за посетителите, како што е, на пример, зимското издание на „Кога си во Крушево“ (When in Krusevo)“
– вели Градоначалникот на Крушево, Христоски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи