БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Александар Јанев: Ќе ги донесеме одговорните пред лицето на правдата без исклучок за кого се работи

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со свое соопштение во јавноста во врска со интензивните активности на неговиот оддел во МВР се обрати Директорот на Бирото за Јавна безбедност Александар Јанев.

“Драги граѓани на Македонија и драги сограѓани од Истокот,

Со длабока тага, сочувство и присебност ги следиме трагичните настани што го потресоа нашиот град Кочани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од име на Бирото за јавна безбедност, изразуваме најдлабоко и искрено сочувство до семејствата и пријателите на сите оние кои ги загубија своите сакани во оваа катастрофална трагедија. На сите повредени им посакуваме брзо и успешно закрепнување.

Како прв човек и директор на БЈБ, можам да ве уверам дека ќе направиме сè што е во наша моќ, знаење и капацитет за темелно да ги истражиме причините за оваа трагедија и да ги донесеме одговорните пред лицето на правдата без исклучок за кого се работи.

Од првиот ден на моето назначување со тимот околу мене, нашата постојана посветеност е да го демонтираме и уништиме монструмот кој е раширен како канцер низ целиот институционален систем, монструмот што е создаван и растен со децении во нашата Македонија.

Лично јас, од првиот ден кога сум вработен во МВР, а и кај секој еден чесен професионалец на полицијата, немало и нема да има поколебливост во одлучноста и решителноста да ги извојуваме битките кои водат кон успех и победа над овој институционален криминал.

Верувајте, работиме со натчовечки сили да ги подобриме безбедносните стандарди и да се осигураме дека таквите несреќи нема да се повторат.

Во овие тешки моменти, ние како заедница треба да се сплотиме и да се поддржуваме едни со други. Како и претходно, и сега ја повикуваме целата јавност, сите општествени и чесни институционални чинители да ни се приклучат во уништување на монструмот.

Заедно, ние ќе го надминеме ова искушение и ќе го истрасираме и изградиме патот кон побезбедна иднина за сите нас.

#ЗаконРедИнтегритет

#ЗаЕдноЗаБезбедност

-напиша на социјалните мрежи Александар Јанев- Директор на Бирото за Јавна Безбедност при МВР.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace