БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Андовски: Нема место за паника, да се почитуваат мерките за лична заштита од западнонилска треска – ЦЈЗ Скопје прогласи епидемија во одредени зафатени општини во градот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

 Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски заедно со претставниците од Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје Скопје и Клиниката за инфективни болести, на денешната прес конференција информираа за епидемиолошката состојба со западнонилска треска во земјава.

 – Навремено и транспарентно ја информираме јавноста за состојбата со западнонилската треска. Ова не е ново заболување, присутна е и во текот на претходни години, а годинава заради актуелната епидемиолошка состојба, бројот на потврдени случаи и активноста на вирусот, наметнаа потреба од засилен институционален одговор. Ја следиме состојбата во координација со Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје, Комисијата за заразни болести и Клиниката за инфективни болести, со цел навремено да ги идентификуваме и третираме случаите, како и да спречиме појава на нови случаи, истакна Андовски.

 Тој порача дека нема место за паника, туку има потреба од внимателност и одговорност, односно граѓаните да преземаат мерки за лична заштита, носење соодветна облека, како и избегнување на места каде е најголема изложеноста на комарци.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

 Д-р Марија Гочевска од Институтот за јавно здравје информираше дека заклучно со 11 август, се регистрирани вкупно 26 случаи, од кои 2 се веројатни. Од нив, 25 лица се од Скопје, а еден е од Велес. Во однос на возрасната категорија, д-р Гочевска посочи дека 22 лица се на возраст над 60 години.

 – Станува збор за автохтони случаи од нашата држава, а едно лице патувало во Грција. Сите случаи се со невроинвазивна форма, појасни д-р Гочевска.

Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана информираше дека пациентите се третираат на клиниката која располага со капацитети и соодветна дијагностика.

– Четворица пациенти се водат како суспектни и во тек е дијагностичка постапка. Осум пациенти се испишани на домашно лекување, но за жал, морам да информирам дека 83-годишен пациент е починат. Пациентот имаше и други заболувања, истакна д-р Цана.

Д-р Златко Арсениевски од Центарот за јавно здравје Скопје информираше дека вчера беше прогласена епидемија на одредени зафатени општини во градот Скопје, како што се Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и зафатени населби како Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино, Јурумлери.

Министерството за здравство ќе продолжи навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите релевантни промени во состојбата со ова заболување.

Креирано од:


Пренеси го гласот