Неколку анкети беа спроведени во изминатиов период и на сите е очигледен огромниот раст на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
На прашањето “ако утре се одржат парламентарните избори за која партија би гласале“, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 39,8 %, додека за СДСМ 31,2 %.
ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со 8 % или кога ќе се пресмета во број на гласови – околу 100.000!!!
Со анализа на податоците се доаѓа до неоспорен факт дека Мицкоски е политичарот со најголем раст на рејтингот. Имено, споредбата на податоците со анкетите од мај 2018 година покажува пад на популарноста на Заев и тоа за двојно, додека на Мицкоски се зголемила за фантастични 9,2 %.
Исто така, интересен е податокот дека огромни 66 % од граѓаните веруваат дека власта на Заев е вмешана во аферата “Рекет”!!!
Повеќе од очигледна е разочараноста и незадоволството на македонските граѓани од владеењето на криминално-рекетарската власт на СДСМ и нивниот шеф Зоран Заев!
Од друга страна, истражувањата покажуваат дека Христијан Мицкоски ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во вистинска насока.
До предвремените парламентарни избори во Република Македонија преостануваат месеци, повеќе од јасно е како ќе продолжи да се движи трендот – и како што покажуваат досегашните анкети, не се исклучува можноста рејтинзите на СДСМ и на Зоран Заев да дојдат на ниво на статистичка грешка!
Како беше она “тик-так”? Месеци се во прашање! 😉
#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори
Фејсбук статус на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет