Денеска на јавна прес конференција Претседателот на Алијанса на АЛбанците Арбен Таравари ја објави својата кандидатура во трката на Претседателските избори за Претседател на Република Македонија.
Според Таравари после изборот на Барак Обама како прв црномурест претседател на САД дојдено е времето за избор на прв претседател- албанец на Република Македонија. Тој на својата промоција се обврза дека доколку биде избран ќе биде претседател на сите граѓани на државата подеднакво а соопшти дека е убеден дека ќе го помине првиот круг кој ќе се одржи на 24 април.
Таравари својата кандидатура ја објавува со поддршка на опозицискиот Европски фронт на албанците во кој покрај Алијансата за Албанците се носители опозициските партии на Биљал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет