БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тошковски со дел од својот тим во МВР на средба со британскиот амбасадор

Пренеси го гласот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска заедно со дел од неговиот тим во министерството реализираше работна средба со амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија Н.Е. Метју Лосон.

На средбата биле разговарани прашања поврзани со изборите како и ингеренциите на МВР во насока на остварување на фер и демократски изборен процес.

“Денеска остварив работна средба со Амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Н.Е. Метју Лосон. На средбата ја изразив мојата заложба за продлабочување на соработката меѓу полициските органи на двете држави, за поефикасно делување во сузбивање на оние облици на криминал кои имаат меѓународен каракатер, со акцент на поефикасна и поефективна борба против организираниот криминал.

Накратко го запознав амбасадорот Лосон за функционирањето на МВР во техничката Влада, кое има голема одговорност во спроведувањето на изборите кои ни претстојат и ја потенцирав неможноста согласно Закон да назначам началник на СВР Тетово. Исто така, укажав и на почитување на правните процедури во однос на рокот на важност на патните исправи, ставајќи се во улога на заштита на човековите права во однос на слободното движење на граѓаните.

На средбата, амбасадорот Лосон ја потенцираше улогата на МВР како гарант за безбедни, фер и демократски избори. Воедно ја поздрави успешната билатерална соработка меѓу двете држави и министерства за внатрешни работи, ставајќи притоа акцент на тековните проекти од аспект на зголемување на капацитетите на македонската полиција и унапредување на оперативната соработка во областа на организираниот криминал.”

bregalnickimarketing

-соопшти Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Креирано од:


Пренеси го гласот