Овие ѕидови со бодликава жица на врвот не е влез во земјата на некој филмски хит со зомбија… Овие ѕидови не се линија на разграничување на некоја воена зона или политички блокови… Зад овие ѕидови се наоѓа теренот на фудбалскиот клуб Брегалница од Делчево кој што оваа сезона остана без првенствено натпреварување.
Спортската публика во Делчево- љубителите на фудбалот оваа сезона останаа без возбудата на своите фудбалски херои кои што до лани се натпреваруваа во третата фудбалска лига. Оваа сезона ФК Брегалница поради редица причини изостана од листата на третолигаши кои што ја започнаа првата утакмица минатиот викенд од третолигашкото натпреварување.
Срамот за уништувањето на 100 годишна фудбалска традиција во Делчево е на сите граѓани а најмногу на општина Делчево и десеткуваниот бизнис сектор кои не покажуваат поголеми можности за поддршка на бело-сината фурија од градскиот стадион “Гоце Делчев” во Делчево.
Единствена надеж за повторно заживување на фудбалската возбуда во Делчево се младите петлиња кои тренираат упорно на теренот во очекување на некои подобри времиња кога овој град ќе смогне сили да инвестира во вистински вредности, наместо пороците кои што ги демнат младите се повеќе и повеќе низ градот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг