Во рамките на активностите од Програмата за уредување на градежното земјиште за тековната година, деновиве се бетонирани пристапни патеки во Кочани и во Оризари.
Бетонирана е пристапна патека меѓу улиците „1 Мај“ и „Бел камен“ во Кочани и пристапна патека во месноста Селиште, меѓу улиците „Новопроектирана 10“ и „Осоговска“ во Оризари.
Изведувачот „Стоименов“ ја бетонираше и пристапната патека меѓу ул. „Гоце Делчев“ и ул. „Кирил и Методиј“ во месноста Витоша во Оризари.Вкупната должина на бетонираните пристапни патеки е околу 200 м. Иако станува збор за кратки краци, тие претставуваат значаен сегмент за подобрувањето на квалитетот на живеењето на нивните жители.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик: Консултации за Регионалниот систем за управување со отпад и Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Источниот и Североисточниот регион
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани
Градоначалникот Владко Грозданов се сретна со жители од улицата „Константин Апостолов“