Проектот финансиран од Европската Унија „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ со задоволство ја најавува презентацијата на Регионалниот план за управување со отпад (РПУО) и придружната Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС).
Целта на оваа јавна консултацја е да се обезбеди транспарентност, учество на јавноста и вклучување на мислењата на локалната заедница во дизајнот и имплементацијата на новиот интегриран систем за управување со отпад. Регионалниот план за управување со отпад ги утврдува стратешките приоритети, инфраструктурата и активностите потребни за одржливо управување со отпадот, во согласност со националните и европските еколошки цели. Стратегиската оцена ја оценува потенцијалната еколошка импликација на предложениот систем и предлага мерки за нивно ублажување и подобрување.
Јавните консултации ќе вклучуваат:
- Презентација на главните карактеристики и цели на Регионалниот систем за управување со отпад;
- Преглед на наодите и препораките од Стратегиската оцена на влијанието врз животната средина;
- Отворена дискусија и собирање коментари, предлози и мислења од засегнатите страни, општините, организациите и граѓаните.
Датум и локација на јавната консултацијата:
20.11.2025г (Четврток) Сала на советот – Општина Делчево
Почеток од 10.00 часот
Како да учествувате:
Засегнатите страни и заинтересираните граѓани се поканети да присуствуваат на консултативниот состанок на наведениот датум и локација или да достават писмени коментари на: sene3@enviroplan.gr
Сите добиени коментари ќе бидат разгледани и земени предвид при финализирање на Регионалниот систем за управување со отпад и Стратегискиот извештај за оцена на животната средина.
Вашето учество е од суштинско значење за создавање почиста и поодржлива иднина за нашите региони.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево