БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Боби Стевковски: Среќен сум што во мојот мандат од најцрна дупка во Гази Баба, Домот на културата повторно ќе биде центар за културни збиднувања

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Гази Баба Боби Стевковски денеска во присуство на Премиерот Христијан Мицкоски и Министерот за Локална самоуправа Златко Перински го одбележа почетокот на реконструкцијата на некогашниот Дом на културата 11 Октомври во населба Ченто.

“НЕКА Е СО СРЕЌА!

✅ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ВО ЧЕНТО СТАНУВА РЕАЛНОСТ!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

🫶Денешниот ден ме прави посебно горд, бидејќи е уште еден ден за историја!

👇По 50 години, Домот на културата 11 Октомври во Ченто ќе блесне во нов сјај!

🛑Од најцрна дупка во општината, создаваме место кое ќе биде центар на културата!

❤️Среќен сум што во мојот мандат како градоначалник на општина Гази Баба ќе се реши уште еден децениски проблем!

📍Домот на културата ќе биде на површина од 1000 метри квадратни, а вкупната инвестиција изнесува 84.240.000 денари, средства обезбедени од Владата на Република Македонија.

🍀Градиме Дом на културата по европски стандарди, енергетско ефикасен и целосно инклузивен со лифт и тоалети за лица со посебни потреби.

👇Објектот ќе биде поделен на три нивоа и тоа:

Подрумски простории во кој има:

– Остава

– Шминкерница

– Гардероби

– Тоалети

👇Приземје во кој има:

– Фоаје

– Билетарница

– Галерија

– Тоалет за лица со посебни потреби

– Гледалиште

– Сцена

– Канцеларии

👇Кат во кој има:

– Библиотека

– Тоалет за лица со посебни потреби

– Просторија за проекции

– Канцеларии

👉Очекувам за помалку од 18 месеци целосно да завршат градежните активности и истиот да го пуштиме во употреба.

👏Изразувам благодарност до претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски кој е креаторот на проектот преку кој општините добиваат финансиски средства од Владата за реализација на инфраструктурни проекти за граѓаните!

👏Благодарност и до министерот за локална самоуправа Златко Перински и министерот за култура и туризам Зоран Љутков кои дадоа поддршка за реализација на овој важен проект!

❗️Нека е со среќа почетокот на реконструкцијата на Домот на културата 11 Октомври!”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Гази Баба Боби Стевковски.

Креирано од:


Пренеси го гласот