Пратеникот Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ на комисиската расправа за финансирање и буџет во Македонскиот парламент во текот на вчерашниот ден со жестока дискусија се бореше за изработка на проектот на ниво на техничка документација за изградба на патот на релација Кочани-Делчево.
Овој патен правец на постојната траса е еден од најопасните патишта во државата преку кој Делчево се врзува со остатокот од државата.
За квалитетот на возење на оваа релација нема потреба да пишуваме, затоа што на таа тема веќе неколку пати имаме пишувано, но проблематични се намерите на власта која нема слух за потребите на жителите на овој регион кои што имаат потреба од ефикасно сообраќајно врзување.
Во Дискусијата Трајче Димков отвори жестока полемика со пратениците на власта пред се со Пратеничката Јагода Шахпаска околу потребата за изработка на овој проект за потоа за истиот може да се премине во оператива за негова изградба.
Погледнете ги во продолжение дискусиите на пратеникот Трајче Димков на комисиката расправа во однос на постапката за донесување на ребалансот на Буџетот на Владата на Република Македонија:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија