Денешниот билтен на превземени службени дејствија на МВР како никогаш досега е преплавен со извештаи за приведени лица кај кои што е пронајдена дрога марихуана и други наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори:
На 12.03.2025 во 06.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.П.(26) од Скопје, со престој во Струмица. При претрес на две локации, кои ги користи во Струмица и во село Ново Село, струмичко, извршени со судски наредби, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, таблета, шприцеви исполнети со црна течност, две дигитални ваги, две дробилки и пари во различни апоени. А.П. бил задржан во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2025 во 07.40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода К.К.(35) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Запознаен е јавен обвинител од основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот, против К.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2025 во ОВР Гевгелија, во присуство на родител, бранител и социјален работник, бил извршен службен разговор со 17 – годишник од гевгелиско село. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, две дигитални ваги, два грендери и други предмети. Дополнително, во ОВР Гевгелија бил повикан и братот на малолетникот и со него, исто така, бил извршен службен разговор за потекло на пронајдените предмети. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 12.03.2025 во 11.30 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода В.З.(49) од Валандово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени марихуана и семки од растението канабис. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против О.Р.(36) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против У.С.(40) и А.О.(20), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 15.12.2024, полициски службеници ги затекнале тројцата со уште едно лице како во патничко возило, сопственост на второпријавениот, користат марихуана, која ја набавил третопријавениот од лице од Штип, а со посредство на првопријавениот. Подоцна, полициски службеници извршиле преглед во патничкото возило, управувано од второпријавениот, при што кај него и во возилото била пронајдена и одземена марихуана.
-стои во Извадокот на дневни настани од денешниот билтен на МВР
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Таравари: Десет пациенти денеска ќе бидат пуштени дома, нема повеќе упатувања во странство
Приведени тројца дилери од Валандово и Богданци, пронајдена дрога
Владата во целост ги покрива трошоците за лекувањето, транспортот на повредените, патувањето и сместувањето на семејствата. Да не се шират шпекулации