Преку социјалните мрежи Британската амбасада во Скопје со видео обраќање на британскиот амбасадор во Република Македонија Метју Лосон го честитаа денешниот државен празник 2 Август Илинден.
„Честит Илинден – Денот на Републиката!“
„По повод националниот празник и на покана на Владата и претседателката Силјановска-Давкова, делегации од Британската амбасада и Британската армија ќе присуствуваат на настани во Скопје и Пелинце, каде што ќе положиме венци на споменикот на Методија Андонов-Ченто и пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце“.
„Историски, Обединетото Кралство ја поддржуваше македонската партизанска борба за време на Втората светска војна, а и денес остануваме цврсти партнери и сојузници во НАТО“.
-рече во своето видео обраќање до Македонските граѓани Метју Лосон- Британски амбасадор во Македонија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!