Од мое лично име и од името на Општина Кочани, на сите граѓани на Кочани и на Република Македонија им го честитам 11 Октомври, Денот на македонското востание.
Овој голем празник е уште еден од темелите на македонската државност со кој се оствари стремежот на сите претходни генерации за достигнување на победата и слободата на македонскиот народ.
Празнувајќи го овој ден, им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание, кои ги вградија животите за денешната слобода.
Нека е честит 11 Октомври, Денот на македонското востание!
Градоначалник на Општина Кочани,
Ратко Димитровски


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm и „Матрона“ со нова бесплатна онлајн обука на тема „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта