БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Чулев: Сите во континуитет да работат за амбиент на медиумскиот сектор да ја извршува својата професионална задача

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пред малку во јавноста се обрати Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Наќе Чулев кој што на прес конференција говореше за предизвикот за сузбивање на говорот на омраза во функција на одржување на мирна и релаксирана предизборна кампања во рамки на претстојните предвремени парламентарни избори.

Тој ги посочи политичарите како најодговорни за креирањето на мирна и релаксирана предизборна атмосфера, но и медоумите како носители на одговорна и особено важна улога во доменот на информирањето и практикување на вистинска новинарска професионалност во интерес на демократијата и граѓаните.

Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата прес конференција од МВР:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Политичките тензии не смеат да предизвикуваат или да водат кон говор на омраза и во таа смисла одговорноста ја имаме сите. Токму во овој период важно е да се воздржиме од било каква поларизација која произлегува од политички, верски, етнички и други несогласувања. Во оваа насока праќам посебен апел до политичарите да бидат посебно одговорни во овој значен период за нашата држава, а одговорноста пред се ја подразбирам во насока на внимателност и претпазливост при давањето на изјави во јавноста, но и при секојдневната комуникација со граѓаните. Истовремено ги повикувам да бидат потолерaнти при критиките кои доаѓаат од јавноста, од проста причина што тие се избрани од граѓаните и граѓаните се тие кои ја оценуваат и критикуваат нивната работа. Со други зборови токму политичарите треба да бидат пример за комуникација во која ќе покажат високо ниво на меѓусебно почитување и почитување кон граѓаните.

Ова денес го истакнав во моето обраќање на прес конференција насочена кон подигнување на свеста за говорот на омраза во предизборието, која беше организирана од страна на Министерство за внатрешни работи, Совет за етика во медиумите на Македонија/The Council of Media Ethics и OSCE Mission to Skopje.”

Креирано од:


Пренеси го гласот