БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Црни вреќи со банкноти од 500 евра се појавија пред штабови на СДСМ низ градовите во источна Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денес во неколку градови од истокот на Македонија, пред штабовите на општинските организации на СДСМ, се појавија црни вреќи со банкноти од 100 и 500 евра. До Брегалнички.мк пристигнаа повеќе фотографии од повеќе градови низ источна Македонија на која се забележуваа црни најлонски вреќи полни со банкноти со апоени од 500 евра.

Според информациите од терен случајните минувачи кои ги забележале овие вреќи коментирале меѓу себе дека во вреќите наводно биле парите од случајот “Рекет”.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Според натписите кои можат да се прочитаат на самите фотографии, ваквиот “подарок во вреќа” е од Заеви и истиот е наменет за општинските организации на СДСМ низ општините во истокот од државата.

Не е познато кој точно ја вршел дистрибуцијата на самите вреќи низ општините и дали станува збор за вистински евро-банкноти во вреќите? Или пак станува збор за некој вид на герила акција преку која во јавноста се упатува своевидна порака на граѓаните за појавите на директен и масовен поткуп од страна на власта на СДСМ на кој што бевме сведоци во изминатиот период во очи на предвремените парламентарни избори?

Ваквите сцени со црни најлонски вреќи со пари се својствени за златната ера на ганстерите ширум светот, а според пораката на овие фотографии, златната ера на криминалот е дојдена и во Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот