Во емисијата Јади Бурек на ТВ сонце свое гостување имаше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при што говореше за повеќе актуелни политички теми во државата.
Основното прашање кое што го тишти секој Македонец на денешнината е дали има спас од актуелната состојба во која СДСМ, ДУИ и нивните коалициски партнери во власта ја втурнаа државата. Наредните парламентарни избори се единствениот демократски (и во наши прилики единствен) начин граѓаните на Македонија да изберат во каква држава сакаат да живеат во периодот кој што следи.
Токму оваа тема беше воведна во интервјуто на потпретседателот Николовски со водителот Јанко Илкоски во синоќешната емисија во однос на општиот распад на државата по сите основи, не само криминалот, корупцијата, неправењето ништо со парите од државниот буџет туку со изразито влијание на енормното задолжување на државата кое што го направи власта на СДСМ и ДУИ во изминатите неколку години.
Во однос на долгот Александар Николоски илустративно го објасни проектираното задолжување само за 2023 година од 800 милиони евра што илустративно се пари потребни да се изгради 1,5 до 3 аавтопати во државата а во суштина никој во државата не гледа поголеми знчајни капитални инвестиции кои е реализираат или ќе се реализират од актуелната влада.
Наместо проекти и инвестиции во капитални објекти функционерите во државата се занимаваат со корупција, криминал и политичка проституција за да останат ден повеќе на власт.
Притоа функционерите на власта не се уплашени само од изборите кои што најдоцна за 1 година ќе се случат во МАкедонија, туку се уплашени од одговорноста за своите криминали кои што ги имаат направено во своето владеење, според Николоски.
Целата емисија со повеќе суштински и актуелни теми може да ја погледнете во видеото во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: За автопатот Кичево-Букојчани ќе избереме Изведувач овој месец, изградбата започнува веднаш согласно временските услови
Алиу во „Само Интервју“: Дефинираме десетгодишна национална стратегија за човечки капацитети, во здравството е потребно долгорочно планирање
Божиновска: Вратите на Министерството се отворени за студентите – потпишан Меморандум со Машинскиот факултет