БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Славјанка Петровска денеска во Украина посети градови кои лани беа под жестока воена опсада

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерката Славјанка Петровска денеска во Украина ги посети градовите Ирпин и Буча, каде во текот на месец март минатата година се водеа жестоки битки со руските сили.

Во Ирпин и Буча, Петровска и лично ги виде последиците од уништувањето предизвикано од војната, тешките услови во кои живеат Украинците, но и нивната жар и мотив да се изборат за својот суверенитет.

„Војната е немилосрдна и единствено нешто што носи се болка и тага. На лицата на Украинците може да се види бескрупулозноста на воените дејствија, но може да се види и нивната цврстина и желбата да ја одбранат својата татковина“, рече министерката при посетата на овие градови.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Таа го потенцираше херојството на овдешните луѓе во одбраната на својата земја и ја повтори итната потреба мирот и безбедноста да се вратат на територијата на целата земја. Петровска порача дека Северна Македонија цврсто и јасно укажува на тоа дека страдањата на украинскиот народ мора веднаш да запрат.

Извор: Влада.мк

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace