Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов денеска во јавноста промовираше еден интересен и особено значаен проект кој што го реализираше за своите сограѓани.
Станува збор за уредување на дворовите на детските градинки во Штип со сретства од Буџетот на општина Штип, со интересни и колоритни содржини кои што ќе им го разубават дневниот претстој на најмладите кои ги посетуваат градинките во градот.
Реализацијата на овој проект е значајна затоа што овозможува создавање на впечатливи спомени кај дечињата со што се создава непрекинлива врска на најмладите со својот роден град.
“Нашите градинки се места од каде почнува да се развива естетскиот поглед, квалитетниот развој и моторика кај децата.
Затоа се насочивме кон уредување на дворните површини во градинките, со поставување на нови, модерни и интересни содржини, со кои ќе го разубавиме детството на најмалите.
Со овој проект отвораме ново поглавје во унапредување на капацитетите за згрижување на децата во нашиот град!”
-информираше градоначалникот на Штип Иван Јорданов.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Влатко Јефтимов и Мирче Павлов прогласени за најуспешни пожарникари во Кочани за минатата година
Потпишан договорот за поврзување на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци
Санација и реконструкција на оштетени шахти на коловозите во Кочани