По повод 75 годишнината од формирањето на УНЕСКО, Министерството за култура на нашата држава во јавноста објави промотивен спот кој што содржи искривена суштина на македонското нематеријално културно наследство и лажни искази за членувањето на Република Македонија во УНЕСКО.
Во врска со оваа состојба свој коментар во јавноста упати Велика Серафимовска Стојкова која што е Доктор на науки по фолклористика и еден од најстручните луѓе во државата за етномузикологија и познавач на процесот за заштита на нематеријалното културно наследство под УНЕСКО.
“Честит јубилеј УНЕСКО!
ама не можам да се воздржам од коментар…. Драга Министерке, неверојатно е колку или имате лоши советници или бегате од македонизмот како од ѓаол. Но еве јас, како и до сега, ќе ве потсетам дека Природното и културно наследство на Охрид и охридскиот регион НЕ Е единственото добро кое Македонија го има впишано на листите на УНЕСКО. Имаме впишано и пет прекрасни нематеријални добра, а и едно добро во листата на биодиверзитет. Убава идеа е видеото, професионално направено, со убава позадина, но суштината министерке, СУШТИНАТА ви бега како што вие бегате од се што е изворно македонско. Нема да коментирам за објектите кои се прикажани (меѓу нив и Поштата за која ветивте дека ќе ја средите, а ништо не направивте), но мора да искоментирам за изборот на Чалгијата.
Со должна почит кон Chalgiya sound system, но јас би го одбрала кавалот, би ги ставила тапаните од Копачката, Македонската гајда, имаме ние богатство од звуци кои се препознатливи во светот како македонски. И со цела должна почит кон презентерот на видеото, но на самиот почеток кардинална грешка. Како самостојна држава РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА е член на УНЕСКО од 1993, не северна, никако северна!!! Грешка, голема грешка Министерке. Вие да се грижевте толку за УНЕСКО немаше да дозволите молење и коленичење за спас на Охрид и пет години молк, негрижа и нефинансирање на нематеријалното културно наследство. Срамота, Министерке, СРАМОТА!!!!”
-напиша на фејсбук Велика Стојковска Серафимовска по повод спотот на Министерството за култура за јубилеот 75 години УНЕСКО во кое се кријат одредени успеси на впишување на нематеријалните културни наследства на Македонскиот народ, е промашена суштината на културното наследство на овој народ но истовремено се спомнуваат лажни факти како тој тека “северна” била членка на УНЕСКО од 1993 година.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Љутков: Развојот на туризмот е еден од нашите главни приоритети
И денеска Мицкоски имаше свое обраќање на Минхенската безбедносна конференција
Најава за консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа