БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали поединци во МВР злоупотребуваат функции? Кандидат за градоначалник на опозицијата во источна Македонија повикан на информативен разговор

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска попладне полиција контактирале еден од кандидатите за градоначалници на опозицијата со повик да се јави во полициска станица. Кандидатот на опозицијата кој на овие избори претставува реална закана за соборување на противкандидатот на власта- актуелен градоначалник, отишол да се информира за што станува збор во полициската станица, и притоа бил задржан подолго време, подложен на испрашуван од страна на инспектор од МВР.

Немајки никакви материјални докази за наводите кои му биле пласирани и врз основа на кои бил држан и распрашуван во полициската станица од страна на инспекторот, кандидатот за градоначалник бил ослободен да замине од станицата.

Во билтенот на МВР за овој настан се вели дека  бил извршен информативен разговор под основано сомнение за давање поткуп во врска со локалните избори односно сторено кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во билтенот на МВР нагласуваат дека

“По комплетирање на службената документација од страна на ОВР Делчево ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Делчево по чл.162 ст.1 и 2 вв ст.3 од КЗ.”

-со што на ден пред изборите во јавноста пред време преудицираат дека е направено кривично дело во функција на рушење на позитивниот углед на кандидатот на опозицијата, како дел од конструирана црна пропаганда.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace